Принцот Луис докажа дека е нескротлив и повторно го насмевна светот: Се преправаше дека мириса нешто и го украде целото внимание!
Принцот Луис повторно се појави во јавноста со своето
семејство и беше главна ѕвезда поради неговото немирно однесување. Кочија со
кралицата Камила, Кејт, принцезата од Велс и принцот Џорџ, принцезата Шарлот и
принцот Луис се движеше кон Парадата на гардата на коњите.
Одбележан е и официјалниот роденден на британскиот суверен, кралот Чарлс Трети, а на парадата учествуваа над 1.400 војници, 200 коњи и 400 музичари. Покрај сите настани, шоуто уште еднаш го украде најмладиот наследник на Кејт и Вилијам, принцот Луис.
Додека семејството го возело автомобилот до Бакингемската палата, малиот принц бил мирен и гледал низ прозорецот, но веќе во кочијата му станало многу досадно, па почнал да прави гримаси, но и да се преправа дека нешто мириса.
На балконот од палатата продолжи да шправи гримаси, а малиот по којзнае кој пат стана вирален хит поради нескротливост. Последен пат бил таков на историското крунисување на кралот Чарлс, а во еден момент дадилката морала да го изнесе од црквата за да се подсмири.
Малиот наследник се чини дека е уште попалав од неговиот постар брат, принцот Џорџ, кој порано беше апсолутна ѕвезда на семејството. Принцезата Шарлот, пак, е сериозен шеф кој ги смирува своите браќа.
Фото и Видео: Youtube