Принцот Луис го прослави 5-от роденден: Фотографијата од момчето и неговата мајка, Кејт Мидлтон го заобиколи светот (ФОТО)

Принцот Луис го прослави 5-от роденден: Фотографијата од момчето и неговата мајка, Кејт Мидлтон го заобиколи светот (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Најголемиот немирко во семејството на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам вчера имаше посебна причина за среќа...

Најмладиот син на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, принцот Луис вчера го прослави својот 5-ти роденден. Како и секоја година и оваа во кругот на семејството била организирана прослава, а во јавноста се појавија нови фотографии кои ги воодушевија сите.

На нив се гледа Луис во Виндзор, каде живее со родителите и постарите брат и сестра.

„Фотографиите се направени на почетокот на април, од страна на Мили Пилкингтон, фотограф од Обединетото Кралство“ - соопшти Кенсингтонската палата.

На една од нив, која воедно го заобиколи светот може да се види принцезата од Велс, Кејт Мидлтон со принцот Луис. Тој седи во количка за во градина со огромна насмевка на лицето, а на лицето на неговата мајка блескаат гордост и задоволство.

Роденденот на Луис е само два дена по роденденот на неговата прабаба, кралицата Елизабета Втора, која почина во септември, во замокот Балморал во Шкотска.

Оваа година, роденденот на малиот принц се прославува скоро две недели пред крунисувањето на неговиот дедо, кралот Чарлс Трети и кралицата Камила.

Палатата уште нема потврдено дали Луис или неговата постара сестра, принцезата Шарлот (7) ќе присуствуваат на крунисувањето, за разлика од нивниот постар брат, принцот Џорџ (9), кој ќе има посебна улога на овој настан.

Луис сега е четврти во редот за британскиот трон, зад својот татко Вилијам и постарите брат и сестра, Џорџ и Шарлот.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: