Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон отворија Јутјуб канал: Што подготвува идната кралска двојка?
Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон отворија свој Јутјуб канал и веќе кренаа голема прашина во јавноста.
Воведното видео под назив „Добродојдовте на нашиот официјален Јутјуб канал“ прикажува кратки исечоци од сето она што следбениците ќе може да го видат во следните објави.
„Биди внимателна што зборуваш, се снима“ - на почетокот на видеото ѝ посочува принцот Вилијам на Кејт, која му посочува дека знае и се смешка.
Имено, кралската двојка ќе се обиде на јавноста да ѝ ги приближи добрите, но и лошите страни на животот на членовите на нивното семејство, а за само неколку часа видеото имеше повеќе од 300.000 прегледи.
На нивниот профил „The Duke and Duchess od Cambridge“ веќе има 117.000 следбеници кои внимателно ги следат и очекуваат новите објави.
Ова е само еден во низата чекори со кои идниот крал сака да ја модернизира монархијата.