Принцот Вилијам: Мама Дајана би била кошмар за внуците

Принцот Вилијам: Мама Дајана би била кошмар за внуците

Објавена во: Совети // Семејство

Поминаа 23 години откако принцезата Дајана почина трагично во сообраќајна несреќа и годинава видовме неколку документарци кои ја слават. Најновиот, наречен Дајана Наша Мајка: Нејзиниот живот и наследство, кој се емитуваше на ИТВ и ХБО, има лични интервјуа со нејзиниот син, принцот Вилијам.

Во документарецот, Вилијам се отвора за тоа како го одржува жив споменот на мајка си со своите деца, Џорџ, 4 и Шарлот, 2. Покрај тоа што го украсува домот заедно со Кејт Мидлтон со фотографии од неговата покојна мајка, Вилијам вели дека зборува  „постојано“ со своите деца за нивната баба, според „People“.

„Тешко е затоа што очигледно Кејт не ја познаваше, така што таа не може навистина да го обезбеди тоа ниво на детали“, вели тој. „Значи, јас кога ги легнувам синот или ќерката во кревет, зборуваме за мајка ми и само пробувам да ги потсетам дека имат две баби, имало две баби во нивните животи, па затоа е важно да знаат која била и дека таа постоеше “.

Каква баба би била Дајана, ако таа се уште беше жива денес?

„Кошмар“ според Вилијам.

„Таа би била баба на кошмар, апсолутен кошмар“, се пошегува тој. „Таа би сакала децата да не се грижат, но таа би била апсолутен кошмар. Ќе ги разгалеше бескрајно, веројатно ќе доаѓаше кога ги бањаме нејзините внуци, ќе предизвикаше неверојатна сцена, меурчиња насекаде, вода насекаде во бањата и - и потоа ќе заминеше среќна“.

Звучи како совршена баба за многумина од нас.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: