Принцот Вилијам со шокантни вести за принцезата Шарлот и принцот Џорџ
Британскиот принц Вилијам се сретна со овогодинешните добитници на наградите на фондацијата на принцезата Дајана. За време на состанокот што се одржа во Кенсингтонската палата, тој не престана да зборува за своите деца.
Неодамна тој имаше шокантна исповед поврзана со малата Шарлот и со јавноста сподели што е она што таа мрази да и биде правено.
Но, сега престолонаследникот објави неочекувана вест за тоа што се случува помеѓу неа и нејзиниот постар брат, принцот Џорџ. Се испостави дека помеѓу нив двајца постои сериозно ривалство.
Принцот Вилијам изјави дека 6 - годишниот принц Џорџ и 4 - годишната принцеза Шарлот честопати се натпреваруваат.
„Зборував со принцот Вилијам и тој рече дека за време на фудбалскиот натпревар, неговата ќерка Шарлот често стоела на врата. Џорџ потоа и кажал: 'Шарлот, јас сум подобар од тебе'. Војводата тогаш му кажа на синот: 'Џорџ, Шарлот може да биде добра, колку што си ти'“ - раскажува 14 - годишната добитничка на наградата на Фондацијата на Дајана, Оливија Ханкок.
Потоа додаде дека принцот Вилијам и кажал дека „своите три деца ги одгледува во изолација од родовите стереотипи и ги учи да се почитуваат едни со други и да им го покажуваат тој квалитет на сите други луѓе“.
Исто така, принцот истакна дека тој и неговата сопруга Кејт Мидлтон ги учеле своите деца да се занимаваат со спорт од рана возраст. Покрај балетот и мечувањето, Џорџ и Шарлот се занимаваат и со пливање.