Принцот Вилијам за воспитувањето на децата: Мора да знаат каков е животот надвор од палатата
Војводата од Кембриџ, принцот Вилијам откри дека пробува да ги научи своите деца за прашањата за кои се грижела и неговата покојна мајка Дајана, принцезата од Велс.
Помеѓу нив посебно ги истакна проблемите со кои бездомниците се соочуваат. Принцот Вилијам, гостувајќи во една британска емисија, рече дека војвотката од Кембриџ и тој се трудат да ги подучат прицот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис за бездомништвото и сиромаштвото, што го сметаат за голем проблем на денешницата. За време на посетата на хуманитарната организација во Пасаж во Лондон, која им помага на бездомниците, принцот Вилијам со поранешниот член на жирито во британското шоу „Brake Off“ правеше чај за луѓето кои се загрозени, пишува Klix.ba.
Тој во оваа прилика се присети и на својата прва посета на наведеното здружение. „Беше тоа едно првите места на кои дојдов. Мора да имав помеѓу осум и десет години, така нешто. Тоа силно влијаеше на мене. Мојата мајка знаеше што да прави со таа организација, со тие луѓе. Сфати дека е многу важно кога растете, особено во живот како нашиот, да сфатите дека има живот надвор од ѕидовите на палатата и да видите како вистинските луѓе се борат со вистински прашања“ - рече тој.
На прашањето дали ги учи своите деца за ваквите промени, принцот Вилијам одговори потврдно и нагласи дека кога ќе види некој како спие на улица за тоа зборува со своите деца.
„Јас морам да кажам дека Џорџ, Шарлот и Луис се многу заинтересирани за овој проблем. Често, како и секое друго дете, ме прашуваат зошто луѓето не може да одат дома“ - нагласи.