
Пристига новата Galaxy A серија: технологија, стил и достапност за секого
Ги
одбројуваме деновите до пристигнувањето на Samsung новите телефони од Galaxy A серијата
кај нас. Оваа серија ги вклучува моделите Galaxy
A56 5G, Galaxy
A36 5G и Galaxy
A26 5G – три уреди дизајнирани да ги
задоволат потребите на сите корисници вклучувајќи ги и младите кои сакаат
одлични перформанси, иновативни функции и елегантен изглед додека истовремено внимаваат
на својот буџет. Кои се уредите од кои ќе можете да го одберете вашиот следен
телефон?
Galaxy A56 5G – иновација и креативност на високо ниво
Galaxy A56 5G е најнапредниот модел во оваа серија. Овој уред ја комбинира најновата „Awesome Intelligence“ или феноменална интелигенција, која овозможува паметно искуство, оптимизирање на перформансите и интелигентно користење на камери. Со 50MP главна камера и поддршка за HDR 10-bit видео снимање, Galaxy A56 5G е совршен за сите кои сакаат да ги снимат своите моменти во најдобро можливо светло. Неговиот 6.7-инчна FHD+ Super AMOLED екран обезбедува импресивна резолуција и бои. Освен тоа, со Samsung Knox Vault, Galaxy A56 5G ја гарантира заштитата на вашите податоци. Идеален е за корисниците кои сакаат моќен уред, но истовремено со разумна цена.
Galaxy A36 5G – баланс помеѓу на цена и перформанси
Galaxy A36 5G нуди баланс помеѓу цена и перформанси, со сите клучни карактеристики што ги нуди A серијата, но по пониска цена. Со својата 48MP камера, овој уред ќе ви овозможи да правите одлични фотографии и да уживате во креативното уредување со помош на вештачка интелигенција. Неговиот 6.4-инчен Super AMOLED екран обезбедува одлична визуелна репродукција, а паметната батерија ќе ви овозможи да уживате во сите функции без страв од брзо трошење на енергија. Galaxy A36 5G е дизајниран за млади луѓе кои сакаат да го искористат својот телефон за сите дневни активности, од социјални мрежи до снимање видеа и игри.
Galaxy A26 – блиску до перфекцијата за помал буџет
Galaxy A26 5G е најпристапниот модел во A серијата, но не на сметка на квалитетот. Со 13MP камера и 6.5-инчен HD+ екран, Galaxy A26 5G нуди солидно искуство на екран и одлични перформанси за секојдневно користење. Дизајниран за младите кои не сакаат да ги жртвуваат основните функции, Galaxy A26 5G има ВИ функции кои го подобруваат искуството при користењето на апликации и фото сесии. Ќе го цените заради лесната употреба и цените кои се идеални за оние што се во потрага по квалитетен, но економичен уред.
Без разлика дали барате моќен 5G уред или телефон со одлични камери и интелигентни функции, Galaxy A серијата ги покрива сите ваши потреби. Со Samsung, добивате не само паметен телефон, туку и доверлива бренд кој е лидер во индустријата, познат по своите иновации, перформанси и безбедност. Galaxy A серијата го комбинира најдоброто од технологијата и пристапната цена, што ја прави идеален избор за секој корисник кој сака да биде во чекор со современите трендови.