Пристигна официјалниот трејлер за новата сезона „Круна“: Ќе имаме можност да го гледаме најтурбулентниот период во животот на кралското семејство (ВИДЕО)
Новата сезона од серијата за најпопуларното семејство на светот - британското кралско семејство, пристигнува наскоро, а сега е објавен и официјалниот трејлер за неа.
Петтата сезона од серијата „The Crown“ ќе го следи животот на британското кралско семејство во период од 1990 до 1996 година, период, кој за нив бил еден од најтурбулентните и кој можел да резултира со распад на монархијата.
Настаните кои ќе ги покрива оваа сезона се големиот пожар во дворецот Виндзор чија штета била проценета на скоро 40 милијарда фунти и распадот на браковите на нејзините деца - принцезата Ана, принцот Ендрју и оној најпопуларниот, бракот на принцот Чарлс и принцезата Дајана.
Како што пишува „Her“, тука ќе бидат прикажани многу скандали кои биле предизвикани од лошата ситуација, внатре во самото кралско семејство.
Најголемо внимание, секако, ќе биде посветено на Чарлс и Дајана, а ќе имаме можност да видиме и приказ од интервјуто во кое Чарлс јавно призна дека ја изневерил принцезата, но и познатото интервју на принцезата Дајана во кое изнесе многу факти за својот брак со принцот.
Петтата сезона ни носи и нова актерска постава, па така во улога на кралицата Елизабета Втора ќе ја гледаме Имелда Стаунтон, која е најпозната по улогата на професорката Долорес Амбриџ во „Хари Потер“ филмовите. Џонатан Прајс ќе го глуми сопругот на кралицата, принцот Филип, а улогите на принцезата Дајана и принцот Чарлс ќе им припаднат на актерката Елизабет Дебицки и актерот Доминик Вест.
Оваа сезона на Нетфликс ќе пристигна на 9 ноември оваа година и мораме да признаеме дека едвај чекаме.
фото: Принтскрин / Инстаграм