Пристигна слепа Барби: Куклата е прекрасна, а на пакувањето има Брајово писмо

Пристигна слепа Барби: Куклата е прекрасна, а на пакувањето има Брајово писмо

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Светот на Барби повторно се шири, а овој пат слепата Барби е во преден план, објави Мател. Новата кукла е дел од линијата Fashionista, во која девојчињата и момчињата, но и колекционерите, ќе запознаат барбика со бастун кој е помагало за слепи или слабовидни луѓе. 

Компанијата соработуваше со Американската фондација за слепи за да се погрижи новата Барби прецизно да прикажува слепи или слабовидни луѓе. Мател рече дека веруваат дека ова е одличен начин децата со попреченост да се чувствуваат вклучени во сите аспекти на општеството. 

Креаторите на куклата размислувале за речиси секој детаљ, па текстурата на облеката е прилагодена на слепите лица. Новата Барбика носи сатенско розе елече и здолниште со карнери кои исто така имаат копчиња од страна, а децата токму така ќе можат да ја почувствуваат разликата во материјалите.

Пакувањето на новата кукла Барби е испечатено на Брајово писмо. 

Новата Барби доаѓа со бело-црвен бастун со црн врв, а додатоците вклучуваат стилски очила за сонце. Куклата, исто така, го отсликува понекогаш бистриот поглед на слепата личност - малку свртен нагоре и надвор, се вели во описот на куклата.


Ерик Бриџис, извршен директор на АФБ, рече дека фондацијата е среќна што ја прифаќа желбата на Мател куклата да биде автентично претставување на нивната заедница.


Фото: Printscreen - Видео - independent

Видео: Youtube

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: