Пристигна трејлерот за „To All the Boys: P.S. I Still Love You“: Ќе бидете воодушевени

Пристигна трејлерот за „To All the Boys: P.S. I Still Love You“: Ќе бидете воодушевени

Објавена во: Stars // Филм

Дали си во тим Питер или во тим Џон?

Конечно е објавен трејлерот за „To All the Boys: P.S. I Still Love You“ и е исто толку неверојатен како што очекувавме. Нема ни два месеци до овој филм кој ќе го погоди Нетфликс, а исчекувањето е дури нереално.


Трејлерот започнува со романтичниот состанок помеѓу Питер и Лара Џин, потсетувајќи не зошто парот е заљубен. Питер се обидува да биде господин, а Лара Џин е само возбудена поради нејзиниот прв состанок.

Потоа, девојката се враќа таму каде што започна сѐ, патека на училиштето и тука е местото каде што работите навистина започнаа.

Трејлерот брзо го репризира првиот филм пред да започне вториот, покажувајќи ни што треба да очекуваме во претствојниот филм: романтични моменти помеѓу Питер и Лара Џин, убави моменти со пријателите и семејството и секако љубовен триаголник.

На крајот од трејлерот, Лара Џин паѓа и тука е Џон Амброс да и помогне, кого Лара го препознава. Романтичната напнатост е видлива и јасно е дека наскоро ќе има интензивен љубовен триаголник.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: