Пристигнаа на Балканот: На која дестинација уживаат Џастин и Хајли Бибер?
Џастин и Хајли Бибер поминуваат многу време во Европа ова лето, а сега пристигнаа и на Балканот, каде уживаат на море! Младата двојка ја одбра Грција како своја дестинација, а како што пренесуваат локалните медумите, тие двајца се видени на локации како што се Миконос, Милс и Санторини. Како што пренесуваат сведоците, двојката во земјата пристигнала во најголема можна тајност, со цел да добијат мир.
Како што се наведува, тие прво се забележани на Миконос како стигнале со приватен хеликоптер, но обожавателите на Бибер брзо дознале дека се таму. Можеби е и изненадувачки, но Бибер се согласил да се фотографира со нив, а потоа со брзина на светлината сето ова се рашири на социјалните мрежи. Кога видиле дека се откриени, Џастин и Хајли почнаа да објавуваат фотографии на своите Инстаграм профил. Сепак, бидејќи во Европа не постои голема опседнатос со ѕвездите како во Америка, на нашиот континент им е значително попријатно.
Инаку, Бибер и порано престојувал во Грција, а во 2016 година тмау го сними и видеото за песната „Company“. Грција инаку е традиционален магнет за познатите, кои по правило престојуваат на луксузниот Миконос.