Пристигнува најубавото бебе на светот, познати се и деталите за бременоста: Ријана е во блажена состојба

Пристигнува најубавото бебе на светот, познати се и деталите за бременоста: Ријана е во блажена состојба

Објавена во: Stars // Музика

Иако многумина веќе шест години се шегуваат дека пејачката од Барбадост е бремена, судејќи по сѐ сега тоа би можело да биде вистина!

Светските медиуми веќе со години макар еднаш месечно пишуваат дека Робин Ријана Фенти е бремена, но сега се шпекулира дека не е во прашање само озборување и дека една од најуспешните жени на планетата навистина ќе стане мајка во 2022 година!

Како што пишува „MTO News“, Ријана не можела да го сокрие стомакот за време на престојот во родниот Барбадос, каде пред два дена беше прогласена за национален херој. На фотографиите од свечената церемонија јасно се наѕира зголемениот и заоблен стомак, а овој портал додава дека нејзината ова било уште поочигледно додека пејачката влегувала во авионот во кратка маица.

фото: Randy Brooks / AFP / Profimedia

„Ријана е бремена, тоа е очигледно, многу сум среќен за неа“ - кажал извор близок до ѕвездата за „MTO News“.

Друг извор откри дека на персоналот му било забрането да пуши цигари и конзумира алкохол во просториите во кои се движела Ријана, како и дека имала мачнини, поради кои јадела посебно приготвени оброци.

Ријана изминатите денови престојуваше во својата татковина, бидејќи во Бриџтаун премиерката Миа Мотли ја прогласи за национален херој на Барбадос.

„Продолжи да блескаш како дијамант и со своите дела ќе бидеш гордост на својот народ“ - ѝ порача Мотли.

Пејачката повеќе пати досега зборувала за тоа дека сака да се оствари како мајка.

„Ќе имам деца - три или четири“ - кажа во една прилика, а не ја исклучи и можноста да се оствари во таа улога и како самохрана мајка, доколку не најде вистински партнер.

Иако гласините за бременоста на Ријана се чести веќе со години, од септември тие се слушаат на неколку дена. Пејачката веќе некое време е во хармонична врска со раперот АСАП Роки, кои во мај оваа година конечно ги потврдија повеќемесечните шпекулации.

„Таа вреди како милион други. Мислам дека кога знаете, тогаш знаете“ - кажа Роки за „GQ“ и додаде: „Таа е вистинската.“


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: