Пристигнува принова: Софи и Џо наводно очекуваат бебе
Прекрасната актерка и презгодниот пејач наводно наскоро ќе станат родители. Сега се очекува уште нивната официјална потврда.
Обожавателите на серијата „Игра на тронови“ и оние на Џонас Брадерс се воодушевени со веста дека Софи Тарнер наводно е бремена. Детето го очекува со својот партнер, пејачот Џо Џонас.
Парот се венчаше пред околу една година, а сега бракот ќе го круниса со принова. Изгледа дека ова не е само едно озборување, иако парот ги нема потврдено гласините, целиот Холивуд зборува за тоа, јавува Cosmopolitan.
Познатиот пар не сака да ја коментира бременосно, а наводно нивнотите семејства се многу возбудени поради ови вести. Исто така, овие гласини се потврдуваат и со изборот на облека на Софи, која не излегува од „оверсајз“ облека.
Само пред неколку месеци пред венчавката со Џо, Софи во интервју за магазинот Rolling Stone призна:
„Во потполност се имав подготвено дека до крајот на животот ќе бидам сама. Мислам дека, кога ќе ја пронајдете сродната душа, едноставно знаете. Мислам дека сум и повозрасна во душата отколку тоа колку години имам. Имам чувство дека имам доволно преживеано до сега. Запознав доволно мажи и жени за да го знам тоа. Не се чувствувам како да имам 22 години, туку како да имам 27 или 28 години.“
Но, сепак не заврши „сама засекогаш“ како што очекуваше, туку е во среќен брак со пејачот, а доколку е вистина дека сега очекуваат бебе животот ќе им биде многу поубав.