Пристигнува принова во кралското семејство: Принцезата Евгенија чека бебе
Принцезата Евгенија и Џек Бруксбанк го очекуваат своето прво дете, кое
треба да се роди следната година, објави Бакингемската палата.
Како што напиша Кралското семејство на Твитер,
парот е „многу среќен“ што може да ја објави добра вест, пренесува Би-Би-Си.
Принцезата Евгенија, која е десетта по ред за
тронот, се омажи за Бруксбанк во 2018 година.
Таа објави фотографија од себе и нејзиниот сопруг
на Инстаграм, но и друга со папучки за бебиња, пишувајќи дека тие се „многу
возбудени“.
Нивното бебе ќе биде деветто правнуче на војводата
од Единбург и кралицата Елизабета Втора.
Родителите на Евгенија, принцот Едру и Сара,
војвотката од Јорк, ќе станат баба и дедо за прв пат.
Имајќи предвид дека момчето или девојчето што ќе
се роди ќе биде наследник преку женската линија, и дека Бруксбанк не е од
кралско потекло, ниту детето нема да има титула, наведува Би-Би-Си и додава
дека ова може да се промени доколку кралицата одлучи да му даде титула на
Бруксбанк.
Принцезата Евгенија и Бруксбанк, европски бренд
менаџер за Casamigos Tequila, што тој го основаше заедно со Џорџ Клуни, се
запознаа во 2010 година додека скијаа во Швајцарија.