Професионален прељубник: Нема да верувате со колку жени Вилијам Леви ја изневерил сопругата - една била фатална
Сопругата за него била една жена, а потоа се променило тоа.
Мексиканските теленовели поради убавиот Кубанец Вилијам Леви беа омилени помеѓу дамите. Дури и оние кои овој формат и тематика не го сакаа, обожаваа да го гледата убавецот со зелени очи и неодолива насмевка. И додека многумина мечтаат за него, во неговото срце имаше место само за една Елзиабет Гутјерез, со која се венчаше во 2003 година.
Меѓутоа, кубанскиот Бред Пит само за јавноста беше верен сопруг на својата сопруга со која има две деца. Зад затворените врати не бил таков пример за сопруг. Како што пренесуваат мексиканските таблоиди, на сетовите често ги заведувал своите колешки, а некои од нив и го разоткриле.
Актерката и манекенка Химена Наварате со која ја сними теленовелата „La Tempestad“, откри дека тие двајца биле љубовници. Откако нивните заеднички фотографии завршија на насловните на таблоидите ставија точка на тајната врска.
На актерката Жаклин Бракамонтес и се колнел дека ќе ја остави сопругата поради неа, но тоа никогаш не се случило. Жаклин ја прекинала нивната врска кога дознала дека тој и Елизабет го чекаат второто дете. Вилијам целата оваа приказна ја демантираше, а Жаклин за аферата зборува и во својот роман, па затоа никој не му повера на актерот.
Сопругата на Вилијам од медиумите дознала дека е изневерена, па со децата го напуштила заедничкиот стан. По некое време реши да му прости на својот неверен сопруг, меѓутоа и тоа се испостави како грешка. На бракот долг 17 години му пресуди аферата со Барбара Лопез.
Тие двајца се запознале на заеднички проект, а дел од актерската екипа вели дека помеѓу нив двајца проработела хемијата.
„Едвај дочека да ја одведе во кревет. За него таа беше само афера, но сепак поради тоа остана без сопруга“ - рече извор близок на актерот.