Профитабилна серија: Нетфликс заработи над 900 милиони долари благодарение на „Squid Game“

Профитабилна серија: Нетфликс заработи над 900 милиони долари благодарение на „Squid Game“

Објавена во: Stars // Филм

Нетфликс бележи голем пораст на бројот нови корисници на платформата во третото тримесечје од годината, а сè благодарение на претставувањето на серијата „Squid Game“.

Популарната американска стриминг платформа добила 4,4 милиони корисници од јуни до крајот на септември, што е два пати повеќе отколку во второто тримесечје од 2021 година.

Јужнокорејската хит серија, поради која е забележан овој скок, во првите четири недели беше изгледала од 142 милиони корисници. Другите серии кои исто така привлекуваат нови корисници се и „La Casa De Papel“, „Quenn's Gambit“ и „Sex Education“.

Да потсетиме, „Squid Game“ на Нетфликс му донесе приходи од околу 900 милиони долари, а во снимањето се вложени само 21 милион. Нетфликс очекува дека во последните три месеци од 2021 година ќе добие уште 8,5 милиони нови претплатници.

Овој факт е особено интересен ако се има предвид деак серијата со години никој не сакал да ја купи.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: