Пролетна трансформација: Марта, вереницата на Стефан Лазаров повеќе не е бринета (ФОТО)
Вереницата на познатиот јутјубер направи неочекувана промена...
Познатиот јутјубер Стефан Лазаров во септември минатата година ја запроси својата долгогодишна девојка Марта, а веќе на големо се подготвуваат за денот кога ќе го кажат судбоносното „да“.
Пред да ја побара нејзината рака, Лазаров беше 6 години во врска со Марта, а иако порано поретко споделуваше фотографии со неа, сега тоа повеќе не е случај. Таа често може да се види како на неговите профили на социјални мрежи, така и во неговите видеа на Јутјуб.
На видеата и фотографиите кои двојката ги споделува социјалните мрежи, Марта е прекрасна бринета, но сега на само неколку месеци пред свадбата, се одлучи да направи промена. Имено, пролетта ја инспирираше за мала трансформација, па така вереницата на Лазаров ја осветли косата.Дали оваа промена е најава дека наскоро може да ја вброиме во русокосите девојки, останува да видиме. Но, како и да е, и оваа боја на коса мора да признаеме дека ѝ изгледа одлично.
фото: Принтскрин / Инстаграм