Промена на работното време на пунктовите за Covid-19 тестирање на НИКОБ ЛАБ
Од понеделник - 13 септември, НИКОБ ЛАБ ќе го промени работното време на следните пунктови за COVID-19 тестирање: Кисела Вода, Табановце и Богородица, додека работното време на COVID-19 пунктовите во Дојран и Струмица останува непроменето, информираа денеска од лабораторијата.
„Дополнително, Ве информираме дека новата цена за PCR тестови изнесува 1.600 денари, додека цената на брзиот антигенски тест останува непроменета и изнесува 1.000 денари.
Подолу табелата на локациите на пунктовите и работното време
„За дополнителни информации поврзани со COVID-19 тестирање, може да не контактирате преку контакт центарот на НИКОБ ЛАБ на следниот телефонски број 02 274 1000, стои во соопштението.