Промена во приказната: Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон не се само пријатели

Промена во приказната: Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон не се само пријатели

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Пред неколку дена Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон се видени заедно, но медиумите дематираа дека е можна романса во прашање. Сепак, денес приказната се промени, така што таквата можност воопшто не е исклучена. Напротив, се наведува дека Ким е заинтересирана за нова љубов.

Како што пишува „People“, Ким и Пит не се заедно, но не постојат никакви препреки тоа да се промени. Најточно кажано, тие двајца времто го поминуваат заедно за да сфатат дали постои некоја хемија и не си прават притисок еден на друг. Сепак, изворите велат дека првите знаци се охрабрувачки и дека е можно да се случат многу работи.

„Пит умее да биде супершармантен, а Ким го сака сето тоа внимание“ - истакнува извор близок до нив и наведува дека ѕвездата на реалните шоуа ужива во тоа што повеќе не е со Канје.

„Таа се забавува и ужива во животот. Нејзиниот фокус и понатаму е на децата и на работата, но се гледа дека е подготвена за нова врска. Таа е среќна и задоволна. Канје за неа е минато и смета дека е најдобро.“


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: