Промени го обликот на лицето само со помош на шминка: 7 начини на шминкање кои ќе ти помогнат во тоа
Јутјуберката Амбер Шол е само една од девојките која знае како да ја искористи шминката во своја корист...
Ова не се триковите кои ги користи таа, иако некои од нив се познати и на оваа јутјуберка. Амбер е позната по своите видеа во кои оди на шопинг, но гледачите ги освојува и кога ќе ја покаже другата страна од себе, онаа секојдневната. И секоја девојка може да постигне да има две страни: онаа како изгледа „за по дома“ и онаа за ситуации кога треба да изгледа најдобро што може.
Не мора да одиш на никакви пластични операции или зафати за да го промениш својот изглед. Постојат мали трикови во шминкањето кои ќе ти помогнат, а кои ги користат и бројни инфлуенсери. Никој нив не го сокрива „своето вистинско лице“ и на сите ни е јасно дека шминката е заслужна за тоа како изгледаат, а како и ти да изгледаш така? Што сѐ е најважно кај шминкањето за да го промениш обликот на лицето? Овие 7 трикови ќе направат значајна разлика во твојот изглед, а за сѐ ти треба само шминка и малку вежба.
# Научи правилно да контурираш
Контурирањето на лицето е популарно веќе некое време, но многу луѓе не знаат точно на кои места на лицето треба да контурираат. Тоа ќе направи голема разлика, само ако правилно го направиш. Најдобро е да ги користиш со некој кремаст производ и да ги нанесеш на стратешките делови од лицето, зависно од тоа што сакаш да постигнеш. Ако сакаш да го трансформираш својот нос, погледни како правилно да го контурираш, ако имаш преголемо чело и сакаш визуелно да изгледа помало - и тоа е можно. Дури и да го сокриеш подбрадокот! Постоја многу туторијали кои ќе ти помогнат да ја усовршиш оваа вештина. Никогаш немој да го потценуваш овој чекор во шминкањето.
# Обликот на веѓите е многу важен
Веѓите се навистина рамката на лицето. Една мала работа на вашето лице што може да направи разлика е промената на обликот на веѓите. Нема на сите да им стои подеднакво добро на сите истиот тип и облик на веѓи, затоа треба малку да се експериментира (со шминка, не со чупалица) пред да се пронајде оној кој најдобро ќе ви стои. Наполнете ги, направете ги да се „fluffy“, направете да се прецизно исцртани, направите истакнат лак, направете ги позаоблени - опции има колку што сакате.
# Темните нијанси на сенка ставај ги на надворешниот дел од капакот, а светлите на внатрешниот
Она што сите го сакаме е очите да ни изгледаат поголеми и да дојдат до израс. Со тоа, она што исто така е многу посакувано е обликот „мачка“, но и очите да даваат визуелен ефект дека лицето е затегнато. Повторно, потребна ти е само шминка. Прво и најважно е секогаш да се водите по правилот дека светлите нијанси на сенка се ставаат на внатрешниот дел од капакот, а темните на надворешниот. Со тоа, кај мешањето на темните нијанси на надворешниот дел од капакот, имај на ум дека секогаш боите треба да ги мешаш „нагоре“. Тушот исто така може да помогне во нагласувањето на очите.
# Продолжи ја линијата туш и на внатрешниот дел од капакот
Многу девојки ставаат туш од половина око, но еден трик кој се користи сѐ повеќе е дека всушност треба да се стави до внатрешниот агол. Тоа е еден трик кој редовно го користи и Амбер.
# „Highlighter“ на најголемиот дел од лицето
Делот со контурирање е и нанесувањето на „highlighter“, кој ќе помогне за дополнително да нагласиш одредени делови од лицето. Особено треба да се стави на највисокиот дел од лицето, на јаболкниците. Ќе ти помогне да создадеш ефект дека тој дел од лицето ти е поизразен спроти деловите на кои имаш ставено потемни контури.
# „Nude“ нијансите на кармини се најдобар избор доколку сакаш да ја прецртуваш устата
И задолжително користи и моливче за усни. Со оваа нијанса најдобро ќе го промениш обликот на усните, а тоа нема да изгледа нападно или како да е претерано. Со моливчето малку прецртај ги усните, а доколку имаш две слични нијанси на кармин, можеш дополнително да натапкаш малку од посветлата на стредината и ќе добиеш ефект на пополни усни.
# Брозерот нанеси го на линијата на брадата
На самиот раб на лицето исто така можеш да ставиш бронзер или контура за да ги направиш цртите на лицето што поостри или да го сокриеш подбрадокот. Ова само дополнително ќе ти помогне да го дефинираш лицето. Само внимавај добро да измешаш тоа за да не ти остане видлива линија.
фото: Принтскрин