Пропадна бизнисот на Саша Ковачевиќ: Затвара ресторан поради коронавирусот
Жално е ова!!!
Како и многу други угостители, така и тој се најде во незгодна ситуација од која се чини дека нема излез. Познатиот пејач Саша Ковачевиќ има свој ресторан во Белград, кој поради коронавирусот е принуден да го затвори.
Неговата исповед ја направи во емисијата „Шок ток“:
– Угостителството е исто така една од гранките што претрпеа удар што се однесува до короната. За жал, тоа е вистина. Подобро е да се спасиме себеси, да ги спасиме луѓето и вработените кои работат во ресторанот и, на крајот, да не спасиме сите од некои маки и да не затворат кога ќе дојде време – рече тој.
– Единствено жалам за луѓето кои работат таму, што немаат никаков приход, извор на пари со кој би можеле да му помогнат на своето семејство, но јас велам, на сите нас ни е многу тешко. Од март немавме настапи и знам дека на луѓето им е многу тешко, па не би се жалел – потенцираше Саша и додаде: