Прв одмор без заеднички фотки: Антониа и Иван не споделија ниту една од летувањето во Бодрум (ФОТО)
Решија врската да ја чуваат далеку од очите на јавноста...
Изминатите денови, младата пејачка Антониа Гиговска постојано споделуваше фотки од летувањето во Бодрум. Покажа неколку различни костими за капење, но и одлично извајаното тело.
Единствено не покажа со кој ужива на песочните плажи во Турција. Но, судејќи по сторињата кои ги објавуваше нејзиното момче, пејачот Иван Јованов, сигурни сме дека токму тој ѝ правел друштво.
Иако минатата година постојано споделуваа заеднички фотки од одморот и сите заеднички моменти, оваа година работите се променија, па така тие се придржуваат до она дека нивната љубов ќе ја држат далеку од љубопитните погледи на јавноста.
Она што е интересно е тоа што и двајцата се поздравија со Бодрум на свој начин - Иван тоа го направи со фотка од градот, а Антониа тоа го направи од аеродром.
фото: Принтскрин / Инстаграм