ПРВ УПИСЕН РОК ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА НА 16 и 17 ЈУНИ: Министерот Адеми ги соопшти деталите

ПРВ УПИСЕН РОК ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА НА 16 и 17 ЈУНИ: Министерот Адеми ги соопшти деталите

Објавена во: Совети // School zone

Министерот за образование Арбер Адеми денеска информираше дека првачињата, како учениците кои завршуваат девето одделение, ќе моѓе да се запишуваат во јуни, што значи дека уписите во основните и во средните училишта ќе се реализираат во текот на следниот месец.

Адеми посебно потенцираше дека се подготвени конкретни протоколи до Комисијата за заразни болести и дека од таму очекуваат одговор кој потоа ќе го испратат до образовните институции.

– Цел јуни ќе им биде на располагање на родителите на првачињата за да ги достават сите документи до основните училишта каде треба да се запишат нивните деца. Веќе подготвиме конкретни протоколи кои се доставени до Комисијата за заразни болести. Тоа се протоколи за упис во основно и во средно образование и очекуваме дека Комисијата ќе ни одговори, рече Адеми.

Инаку, првачињата требаше да се запишат во основните училиште сега, во мај, но процесот беше одложен поради актуелната кризна ситуација со корона вирусот. Што се донесува до средните училишта, учениците кои завршуваат девето одделени ќе имаат на располагање три уписни рока во јуни и тоа:

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16 и 17 јуни, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни. Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 22 јуни, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 22 јуни.

Проверката на знаењата на учениците од заедниците ќе се реализира на јазикот на кој што ученикот ја следел наставата во основното училиште. По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 48 часа.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни. Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 29 јуни, по што резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на алњдниот ден, односно на 30 јуни.

На факултетите уписите ќе се реализираат во авгсут и септември, а до крајот на мај треба Владата да донесе одлука околу квотите за упис на државните универзитети. 


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: