Прва фотка од поранешната девојка на Вељко Ражнатовиќ и нејзиниот новороден син: Бебето доби име со моќно значење
Породувањето поминало во најдобар ред...
Маша Тезиќ се породи во саботата, на 23 јуни и на свет го донесе синот Коља.
Како што дознава „телеграф.рс“, пораѓајот поминал во најдобар ред, а набрзо по доаѓањето на бебето на свет, се огласи и гордата мајка, која ја објави нивната прва заедничка фотографијата.
Маша на својот Инстаграм профил објави емотивна фотка на која се гледа како го држи во прегратка новородениот син, а под објавата напиша: „Добредојде сине. Коља“.
Инаку, Коља е машко име настанато од името Никола, од грчкиот збор Николас, што значи да победуваш, па нема сомнеж дека момчето низ животот ќе ниже само победи.
фото: Принтскрин / Инстагра