Прва фотографија по една година: Атина Тошиќ излезе од медиумска илегала, погледнете како изгледа
Помина речиси една година откако беше невозможно да се види во јавноста, а сега Атина Тошиќ излезе од медиумската илегала
Имено, постарата ќерка на Јелена Карлеуша по големата популарност на социјалните мрежи која ја постигна за само неколку месеци, реши да се повлече од јавноста. И додека нејзината сестра Ника го освојува „Тикток“, Атина имавме можност да ја видиме само на фотографии од родендени и семејни дружења.
Атина Тошиќ е повторно видена кога нејзината мајка Јелена Карлеуша ја објави последната фотографија од Дубаи, каде што ужива на одмор со своите наследнички.
Фотографијата од базен не открива многу, освен дека Ника и Атина одлично се согласуваат и се најдобри другарки. Сепак, многумина се надеваат дека по дозволата на мајката да ја објави нејзината фотографија, Атина ќе се врати на голема врата на социјалните мрежи.
Потсетуваме, Атина, која годинава наполни 16 години, по завршувањето на средното образование ќе го продолжи образованието во странство. Девојката засега успешно се занимава со манекенство и е одлична ученичка.
Извор: story.rs