Прва операција од ваков тип во земјава: На 17-годишно момче му отстранија тумор од десната подлактица

Прва операција од ваков тип во земјава: На 17-годишно момче му отстранија тумор од десната подлактица

Објавена во: Совети // Семејство

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ било оперирано 17 годишно момче со тумор на десната подлактица. 

„Тимот хирурзи под раководство на проф д-р Милан Самарџиски го отстрани во целост туморот од долниот крај на радиусот и го замени со коска од починат донор. Ова е прва операција од ваков тип на Клиниката за ортопедија и во земјава“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Со вклучување на Клиниката за ортопедски болести во Програмата за трансплантација на органи и ткива, се отворија нови можности за третман на пациенти со трауматски повреди, тумори и други дијагнози кои овозможуваат преку оперативен третман заболеното и оштетено коскено ткиво да се замени со ткиво од починат донор и со тоа да се спаси животот на голем број  пациенти.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: