Прва заедничка фотка на Инста: Каја Гербер и Џејкоб Елорди потврдија дека се заедно

Прва заедничка фотка на Инста: Каја Гербер и Џејкоб Елорди потврдија дека се заедно

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Веќе некое време се зборува дека се заедно...

Каја Гербер и Џејкоб Елорди ја потврдиja својата врска на Инстаграм.

Манекенката, објави фотографии со згодниот актер на Инстаграм.

Тие двајца заедно ја прославиле Ноќта на вештерките,  а одлучија да се маскираат во прачниот пар Присли - Присила и Елвис.

„Каја ми ја испрати идејата, специфична фотографија на која се Присила и Елвис“ - рече нејзиниот шминкер Сем Висер за „Вог“ и додаде дека фризерот Чарли ЛеМиндо бил задолжен за косата на Џејкоб.

„Му додаде одлични детали од страна и се потруди да изгледа дека косата му оди нагоре. Џејкоб природно си ја доби потребната боја, така што не моравме да го шминкаме многу за да личи на Елвис“ - откри шминкерот.

„За мене најважно беше доследно да ја пренесеме фотографијата. Мораа да бидат секси, но не екстремно“ - додаде Чарли.

„Не беше тешко, бидејќи беа преубава двојка.“

Каја и Џејкоб досега ниту еднаш немаа објавено заедничка фотографија - затоа погледнете ги сега.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: