Првата хронометар велосипедска трка Халк Вело Грин се одржа во организација на Халкбанк
Првата хронометар велосипедска трка HALK VELO GREEN се одржа во Маврово во организација на Халкбанк АД Скопје, како дел од HalkEco платформата чија цел е поттикнување здрави животни навики и придонесување за подобра животна средина.
Учесниците се натпреваруваа во две категории, ПРО и ХОБИ. Победници во категоријата ПРО жени се Андријана Анастасоска прво место, Анита Величковска второ и Дуња Иванова трето, а во категоријата мажи првите три места припаднаа на Никола Лефков, Благоја Перуновски и Димитар Јованоски. Професионалните натпреварувачи добија ваучер за Garmin часовник во износ од 30.000 денари за првото место, ваучер за спортска опрема во износ од 15.000 денари за второ место а за трето место ваучер за спортска опрема во износ од 9.000 денари.
Во категоријата ХОБИ жени најдобри беа, Маргарита Ставревска, Емилија Пајковска и Лидија Мано-Илиев, а меѓу мажите, Кирил Марковски на прво место, Ицко Димитриевски на второ и Горан Солздановски на трето. Наградите за ХОБИ победниците се, прво место – ваучер за Garmin часовник во износ од 20.000 денари, второ место – ваучер за спортска опрема во износ од 6.000 денари и трето место – ваучер за спортска опрема во износ од 3.000 денари.
На хронометар трката, секој учесник стартуваше на секои 15 секунди. Мерењето на времето се вршеше со чипови, кои им беа доделени на учесниците пред почетокот на натпреварувањето. Покрај чиповите, секој учесник доби и подарок од организаторот и пријателите на трката, фотографии од трката, медал и диплома за завршената трка.
HALK VELO GREEN трката се одржа според правилата и протоколите пропишани од Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје.
Трката е во рамки на HalkEco платформата на Банката. Истата беше пријателски поддржана од: Полеоспорт, One Hospital, Пробајк, Паркленд Груп, Фитнес Парк и Алкалоид Магнезиум.
Котизациите од пријавите за трката ќе се искористат за пошумување на површини во земјата.
ГАЛЕРИЈА: