Првата проба и првите импресии: Погледнете како ќе звучи, што ќе носи и како ќе изгледа Васил Гарванлиев на Евровизија

Првата проба и првите импресии: Погледнете како ќе звучи, што ќе носи и како ќе изгледа Васил Гарванлиев на Евровизија

Објавена во: Stars // Музика

Најголемиот музички настан започна со проби и подготовки.

Денес нашиот претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев ја имаше првата проба на грандиозната евровизиска сцена.

Откако беше објавено видеото со дел од настапот на Васил, тој се огласи на фејсбук и напиша дека се чувствува многу емотивно и е бескрајно благодарен за пораките и поддршката која пристига од сите страни.

Според објавеното, во настапот на нашиот претставник дефинитивно ќе доминира гласот на Гарванлиев, заедно со светлосните ефекти и неговите движења тоа изгледа многу моќно.

Погледнете го видеото и проценете сами:

 
Васил Гарванлиев со песната „Here I stand“ ќе ја претстави Македонија на Евровизија која годинава се одржува во Ротердам, Холандија.

Ние сме 6-ти по ред во првата полуфинална вечер на 18-ти мај. 

Васил заедно со македонската делегација во Ротердам

фото:ФБ

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: