Првата слава во новиот дом: Луна Џогани и Марко Миљковиќ ја отворија вратата од станот на Бежанијска коса (ФОТО)
Познатиот пар ја прослави семејната слава во кругот на најблиските, за прв пат под покривот на заедничкиот, нов стан.
Луна Џогани и Марко Миљковиќ неодамна станаа горди сопственици на стан во Белград, а се пишуваше дека потрошиле 160.000 евра за имот кој се простира на 80 квадрати.
Додека чекале да пристигне мебелот по нарачка, открија како изгледа нивниот животен простор и како ја уредиле детската соба во која ќе ужива нивната неодамна родена ќерка Миа.
Сега покажаа како изгледа трпезаријата во која ја прославија славата со најблиските.
Двојката ја прослави славата Света Олимпија, а со нив ручаа таткото на Луна, Гаги Џогани и таткото на Марко. Токму познатиот пејач сподели прекрасен семеен портрет на кој позира со таткото на Марко, држејќи ја Миа во рацете, со опис „Дедовци со внуката“.
Луна сподели и фотографија од славеничката маса на која се гледа вкусно уредениот ентериер во кој доминираат прави и остри линии, а клучното парче е елегантна и модерна трпезариска маса од стакло и дрво.
- Среќна да ни е славата! Во новиот дом... Фала ти Боже – напиша таа.
Марко не ги заборави верните следбеници кои го следат секојдневието на ова мало семејство, па сподели фотографија од семејното дружење.