Први фотки од најубавата трудница на светот: Провокативниот фустан го одлече вниманието од трудничкото стомаче

Први фотки од најубавата трудница на светот: Провокативниот фустан го одлече вниманието од трудничкото стомаче

Објавена во: Мода // Moj стил

По две години брак Емили и нејзиниот сопруг ќе добијат дете...

Американската манекенка со потекло од Полска, Емили Ратајковски и нејзиниот сопруг, продуцентот Себастијан Бер Меклард го очекуваат своето прво заедничко дете, а манекенката која вчера ги сподели среќните вести, истиот ден се појави во јавноста.

Имено, убавата манекенка прво криеше дека е бремена - го намали споделувањето на фотографии на кои е разголена, поточно на оние на кои би се гледало нејзинито тело и стомак, а во јавноста носеше само широки јакни и дуксери, па никој не ни претпостави дека е во блажена состојба.

Емили среќните вести ги соопшти за магазинот „Вог“, а сними и видео на кое ги има забележано промените за време на бременоста, а во еден од кадрите позири гола, прикривајќи ги интимните делови со рака и истакнувајќи го стомачето кое ѕирка.

Таа сега се прошета во тесен црн фустан од тенок материјал, кој го истакна нејзиниот стомак, но и бујните гради. Фустанот од страната има процеп, па јасно се гледа трудничкото стомаче. Сето ова го искомбинира со црвени чизми до колена, неколку нараквици и црна чанта.

Извор: телеграф.рс

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: