Први фотографии од венчавката на Ариана Гранде: Како изгледаше пејачката за најсреќниот ден од животот?

Први фотографии од венчавката на Ариана Гранде: Како изгледаше пејачката за најсреќниот ден од животот?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Најубавите моменти ги сподели со обожавателите со многу едноставна порака - датумот кога се омажи за Далтон Гомез, 15.05.2021 година...

Ариана Гранде и Далтон Гомез на вечна љубов се заколнаа на 15 мај, пред помалку од 20 присутни. Интимната церемонија ја организираа дома, а судејќи според нејзините објави на социјалните мрежи, сево ова не ја спречило пејачката да носи раскошна венчаница.

„Беше навистина мала венчавка, помалку од 20 луѓе присуствуваа“  - нагласија претставниците претставниците на Ариана за странските медиуми, додека новопечената госпоѓа Гомез со големо уживање на обожавателите им даде увид од церемонијата, со неколку фотографии на Инстаграм.

Венчаницата со потпис на познатата Вера Ванг ја пофалија сите, а она што е евидентно е дека невестата е блескала во бело.




Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: