Првиот милион е тука: „Хабиби“ на Антониа и Пајак веќе две недели е прва на трендинг на Јутјуб

Првиот милион е тука: „Хабиби“ на Антониа и Пајак веќе две недели е прва на трендинг на Јутјуб

Објавена во: Stars // Музика

Дали ова е знак дека веќе го имаме хитот на годината?

Откако пред две недели на публиката ѝ ја претставија дуетската „Хабиби“, не престанува да се зборува за Антониа Гиговска и Пајак. За само две недели го надминаа милиониот на Јутјуб по бројот на прегледи, а за тоа и двајцата изведувачи се пофалија на социјалните мрежи.

За истиот тој период, поточно од објавувањето на песната до денес, тие го држат високото прво место на трендинг на Јутјуб во Македонија и никој не може да ги тргне од тронот.

Во прилог на нивните успеси е и виралниот танцувачки предизвик на ТикТок, во кој нивните обожаватели ги покажуваат своите танцувачки вештини, со тоа што ги копираат нивните танцувачки чекори од спотот.

Дали сето ова е доволно и уште на стартот на годината можеме да кажеме дека го имаме хитот за 2023 година, останува да видиме, откако и другите изведувачи ќе издадат нови песни и ќе видиме како ќе поминат истите. Дотогаш, не ни преостанува ништо друго, освен сите да танцуваме на ритамот на „Хабиби“.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: