Првиот супермодел: Сите ја сакаа, живееше живот како трагедија, а на погребот никој не ѝ дојде
Џиа Каранџи беше првиот супермодел. Таа е родена на денешен ден, а нејзиниот живот кој траел само 26 години бил инспирација за филмот во кој Анџелина Џоли го толкувала нејзиниот лик.
Италијанка по потекло, чија убавина ги рефлектирала и ирските и велшките гени, Џиа Каранџи била толку популарна што тогаш дури и како почетник, веќе ја споредиле со најубавите жени во светот.
Кога се преселила во Њујорк, и била потребна само една година да стане професионален модел. И сите модни уредници и дизајнери ја посакуваа. Таа има соработувано со најпознатите фотографи, како Франческо Скавуло, Артур Елгорт, Ричард Аведон, Денис Пил и цела низа други истакнати личности од уметничките кругови од 1979 и 1980 година.
Џиа беше единствената манекенка која во иста година двапати се појави на насловната страница на „Косма“, а редовно се појавуваше во американскиот, британскиот и парискиот „Вог“, од најважната, предната страна. До 1978 година, Џиа стана најголемиот модел на светот во нејзината ера.
Таа им кажа на фотографите дека може да сликаат сè што нивното око сака да види, па така и стана. Таа беше вистински камелеон. Меѓутоа, таа ја имаше таа цврстина само кога се вклучуваа камерите.
„Не можеше да разбере колку одлично се чувствуваат сите кога некој од нивното семејство е одличен модел. Таа едноставно не можеше да се справи. Стана параноична, мислеше дека луѓето цело време само ја гледаат. Да речеме дека сега овде да имаме забава во куќата, таа би останала во својата соба“, вели еден од пријателите.
Се прослави, но не сакаше, а забавата оди со славата, па со влегувањето во њујоршката елита стана редовна гостинка на култниот клуб „Студио 54“, каде почна да зема дрога, за да ги отстрани нападите на паника и стравот од непознати лица. Почнала со марихуана, а потоа следеле кокаин и хероин.
Во октомври 1978 година, Џиа го имаше своето прво големо снимање со фотографот Крис фон Венгенхајм. На снимањето таа го запознала козметичарот Сенди Линтер, во која се заљубила. Многумина веќе рекоа дека Џиа е невоздржана и има агресивна сексуалност. И така почнала опсесивно да го прогонува шминкерот. Се шпекулираше и дека ги заведувала девојките од снимањето. Сепак, нејзините пријатели велат дека иако сакала да експериментира, единственото нешто што навистина сакала е стабилна врска, каква што никогаш не видела во бракот на нејзините родители. Таа копнеела по љубов.
„Мислам дека не ја видовме сексуалноста на Џиа онака како што ја гледаше Џиа. Сите мислеа дека е како кученце. Да, таа беше како кученце, како некој на кој постојано му треба љубов“, ја опишал својата пријателка Кеј Мичел.
Џиа тешко ги издржа загубите на драги луѓе, како што се смртта на сопственикот на агенцијата за која работеше и смртта на Венгенхајм во сообраќајна несреќа (тој и беше голем пријател).
Се обидела да ја надмине зависноста, но секогаш се враќала на стариот начин. Агенциите поради тоа почнаа да ја одбиваат.
Не помина долго пред Џиа да се врати дома. Во текот на зимата 1985 година, таа почна да се сомнева дека има СИДА. Кога неколку месеци подоцна и била дијагностицирана болеста, не била изненадена. Иако беше една од првите жени во Америка за која се знае дека починала од СИДА, болеста веќе навлезе во модниот свет.
Се смета дека таа се заразила со ХИВ вирусот преку игла што се користи за инјектирање хероин.
Како што ситуацијата се влошувала, нејзината мајка не дозволувала посети и останала во нејзина близина до смртта на Џиа на 18 ноември 1986 година.
„Џиа беше многу болна. Многу тешка. Кога слушам како велат дека мајка и е виновна за многу работи, си помислувам, боже, да знаеја. Џиа е таа која беше навистина тешка. “, изјави пријател на познатата манекенка.
Никој не знаел дека таа починала, па никој не се појавил на погребот. Само неколку недели подоцна беше објавена веста за смртта.
Извор: Жена блиц
Фото: Инстаграм