Прво обраќање на Бритни Спирс по шокантното сведочење: Сакам да ви кажам една мала тајна...
По шокантното сведочење пред судот, Бритни Спирс синоќа за прв пат се обрати на своите следбеници на Инстаграм и се извини што досега ја криеше вистината и велеше дека е добра.
„Сакам да ви кажам една мала тајна… Верувам дека сите сакаме живот како бајка и според моите објави се чинеше дека мојот живот еприлично совршен… Мислам дека тоа е нешто кон што се стремиме сите! Тоа беше и еден од најдобрите квалитети на мајка ми... Без оглед колку беше напорен денот кога бев помлада, поради мене и моите браќа и сестри, таа секогаш се преправаше дека сè е во ред“, започна Бритни под објавата на цитат од Алберт Ајнштајн.
„Сакам да ви го насочам внимание на ова затоа што не сакам луѓето да мислат дека мојот живот е совршен затоа што дефинитивно не е воопшто. И, ако прочитавте нешто за мене во вестите оваа недела... Очигледно сега навистина знаете дека не е совршен. Се извинувам што изминатите две години се претставував дека сум добра. Јас го направив тоа од гордост и ми беше непријатно да споделам што ми се случува. Но, искрено, кој и онака не сака да ја прикаже забавната страна на Инстаграм? Верувале или не, преправајќи се дека сум добро навистина ми помогна. Затоа, решив да го објавам овој цитат денес, бидејќи, како што велат, ако поминувате низ пекол... Инстаграм беше ладно место за мене каде што можев да го споделам своето присуство и постоење. Место каде се чувствував вредна, и покрај тоа низ што минував... И еј, тоа успеа. Затоа, решив да читам повеќе бајки “, заклучи Бритни.
Објавата собра над милион лајкови и многу коментари за поддршка за неколку часа.
Да потсетиме, Бритни беше под надзор на татко и во последните 13 години, старателството ја спречува да носи големи одлуки во сопствениот живот (и лични и финансиски).