Првооделенец одби да ја симне маската за фотографирање: Мајка му му рекла да ја носи цело време

Првооделенец одби да ја симне маската за фотографирање: Мајка му му рекла да ја носи цело време

Објавена во: Совети // Семејство

Шест годишниот Мејсон Пиплс од Лас Вегас станаа интернет сензација откако тој одби да ја симне маската за фотографирање на училиште, бидејќи неговата мајка му реклада не ја вади, освен кога јаде.

Малото момче премногу сериозно ги сфати упатствата на неговата мајка. Кога дојде време за неговиот портрет, фотографот во училиштето го замоли да ја симне маската. Мејсон рече: „Мајка ми ми рече да ја носам постојано, освен ако јадам и ако сум далеку од другите“.

Мајката на Мејсон, Никол Пиплс, објави како продолжил разговорот на детето:

„Сигурен сум дека е во ред да се тргне маската за фотографирање“, се обидел да го увери фотографот.

Но, момчето не сакало да се спротивстави на упатствата на неговата мајка по секоја цена.

„Не, мајка ми сериозно ми рече да ја носам“.

„Дали си сигурен дека не сакаш да ја тргнеш дури и две секунди?", настојувал фотографот.

„Не, благодарам! Секогаш ја слушам мама", бил јасен Мејсон.

Фотографот сфатил дека нема шанси да го убеди момчето да ја симне маската, па го фотографирал со неа на лицето.

Објавата стана вирална на Фејсбук профилот на мајката на Мејсон, а луѓето го пофалија момчето.


„Можете да бидете горди! Децата ќе имаат тешко време да се соочат со возрасните, но тој имаше доволно самодоверба да се залага за она што мисли дека е правилно", „Неверојатен спомен од оваа луда ера низ која поминуваме", коментираа, а некои мајки иснпирираа да се започне кампања за групно финансирање и да се соберат пари за сладолед или некое друго уживање за Мејсон.

Сепак, гестот на Мејсон ги воодушеви луѓето толку многу што тие во голема мера ја надминаа целта од 7 долари и донираа над 19.000 долари досега.

„Мејсон и јас сме пресреќни. Тој прочита многу ваши коментари и има широка насмевка на лицето. Тој е пресреќен што толку многу луѓе се горди на него и ја фалат неговата постапка. Ви благодариме што му го разубавивте денот, објави мајка му Никол подоцна.

Таа изјави за Си -Ен -Ен дека нејзиниот дедо, кој ја воспитувал, починал во јануари откако се заразил со коронавирусот. Таа загуба го поттикна нејзиниот син да разбере зошто е важно да носи маска.

„Дедо беше значаен дел од нашиот живот, а неговото заминување го погоди Мејсон. Поради тоа искуство сакаше да носи маска и знае дека тоа го штити не само него, туку и другите околу него. Ги почитува правилата дури и во куќата, па ја носи маската дури и кога го средува креветот и ја чисти просторијата“, заклучи мајката.


Фото: Фејсбук

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: