Публиката разочарана: Џони Деп, по пресудата за насилство, остана без улога
Откако го изгуби „случајот на векот“, Врховниот суд во Лондон донесе пресуда дека холивудската ѕвезда Џони Деп е „семеен насилник“, сега актерот изгуби и важна улога.
Деп објасни на Инстаграм дека студиото Ворнер Брос го замолило да се откаже од улогата на негативецот Гелерт Гриндевалд во спин-офот на франшизата „Хари Потер“. Актерот Џони Деп изјави дека нема да игра во филмот „Фантастични ѕверови“, откако изгуби судски спор против британскиот таблоид „Сан“, кој го нарече „човек што тепа жени“.
Warner Bros објави дека улогата ќе му биде доделена на друг актер.
Во најавата се посочува дека снимањето на филмот продолжило и дека се очекува да пристигне во киносалите во 2022 година.