„Purple Hearts“ е вашиот нов омилен филм: Уште 4 романтични филмови кои имаат слична тематика (ВИДЕО)

„Purple Hearts“ е вашиот нов омилен филм: Уште 4 романтични филмови кои имаат слична тематика (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Филм

Романтичната драма „Purple Hearts“ ги полуде обожавателите на романтични филмови ширум светот и веќе некое време е број еден на листата на најгледани филмови на Нетфликс. Ако овој филм ве воодушеви и вас и барате уште некој сличен филм, продолжете да читате, бидејќи во продолжение ви даваме неколку предлози.

# „The Proposal“ 

Соочена со можноста за депортација од земјата, уредничката на книги, Маргарет Тејт (Сандра Булок), решава да се омажи за нејзиниот млад асистент Ендрју (Рајан Рејнолдс), но овој договор носи одредени последици. Имено, како што пишува „Decider“, Ендрју се согласува да се ожени со Маргарет само ако го унапреди на повисока позиција.

Кога ќе го решат тој „проблем“, како и секогаш, се појавува друг, а тоа е - службата за имиграција пред која мораат да глумат дека се навистина заљубени.


# „Just Go With It“

Оваа романтична комедија го следи пластичниот хирург Дени (Адам Сандлер), кој на состаноците се преправа дека е во брак кој е пред самиот крај, за никој да не се „врзе“ премногу за него. Но, проблемот настанува кога тој навистина ќе се заљуби во една жена на која ѝ раскажал сѐ за својата „сопруга“.

Тогаш Дени, наместо да биде искрен, ја моли својата асистентка (Џенифер Анистон) да се преправа дека е негова, скоро поранешна, сопруга. Секако, нивните чувства почнуваат да се движат во друга насока.


# „Single All the Way“

Во оваа романтична комедија, Питер заминува да го посети своето семејство за божиќните празници и го убедува својот пријател Ник да му глуми момче, за семејството да престане да му преговара поради тоа што е „сингл“. Но, ситуацијата се искомплицира кога мајката на Питер ќе му договори на состанок на слепо.


# „Candy Jar“

Оваа романтична комедија ги следи ривалите Бенет (Џејкоб Латимор) и Лона (Сами Гејл), кои потекнуваат од сосема различни светот, но имаат нешто заедничко - и двајцата сакаат да го претставуваат клубот за дебата на своето училиште.

Но, во ова ривалство, тие ќе научат дека спротивностите навистина се привлекуваат.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: