Работел во млин и штедел пари: Татко со Даунов синдром му овозможил на синот да се школува за доктор
Тој направил сѐ што било во негова моќ за да го издржи свето семејство...
Вообичаената заблуда за личностите со Даунов синдром е дека не можат да имаат деца. Жените со Даунов синдром може да раѓаат, а во ретките случаи и мажите може да станат татковци. Џед Иса, маж со Даунов синдром од Сирија, не само што се остварил како татко, туку неговиот син станал и лекар.
Кога се родил Садер, синот на Џед, сите биле пресреќни, а со оглед на тоа дека станувало збор за прво дете, родителите велат и дека малку го разгалиле.
Садер секогаш со задоволство се присетува дека како дете се чувствувал многу сакано и дека неговиот татко поминувал многу време играјќи си со него.
Џед го вложил целиот труд за неговиот син да ги оствари своите соништа. Работел во млин и така почнал да штеди пари за да има пари да го плати школувањето на синот.
Тој направил сѐ што било во негова моќ за да го издржи семејството, а според зборовите на неговиот син Садер, напорот на овој татко и посветеноста за му даде најдобра можна иднина го инспирирале да стане лекар.
„Мислам дека би бил помалку возбуден и дека би имал помала страст да го работам ова, доколку го немав својот посебен татко“ - напиша Садер во објавата на една фотографија со својот татко, која сподели на социјалните мрежи.
Садер сега е стоматолог, што е една од најдобрите и најплатени професии во Сирија, а среќата на неговиот татко нема крај.
Додека студирал неговиот син, Џед на луѓето гордо им велел: „Мојот син е доктор“.
Зборувајќи за своите мајка и татко, Садер кажал дека покрај тоа што се заедно со децении, љубовта помеѓу неговите родители и понатаму е како да се венчале вчера.
„Тие се разбираат совршено. Сакаат да одат заедно на прошетки, а понекогаш само седат и разговараат со часови“ - раскажува гордиот син.
фото: Инстаграм