Работи кои не сте ги знаеле за Елтон Џон: Има повеќе од 1.000 пара очила, живее со епилепсија
Нема личност на светот која не знае кој е Елтон Џон - овој фантастичен пејач на сцената е повеќе од пет децении во текот на кои има издадено безброј албуми и уште настапува со полна пареа.
Елтон е роден како Реџиналд Кенат Двајт, но законски го променил името во Елтон Херкулес Џонс.
Името го „направил“ од саксофонистката Елтона Дина и блуз пејачот по име Лонг Џон Болдри. Средното име Херкулес не го одбрал по херојот од митологијата, туку по истоимениот коњ од една британска ситкомедија од шеесетите.
Од четири години почнал да свири клавир и од тогаш не престанал.
Лејди Гага е кума на неговите синови Закари и Илајџа, кои ги доби со сопругот Дејвид Фурниш со помош на сурогат мајка.
Повеќе од 30 години, има по една песна во листата на „Топ 40“. Издава албуми скоро секоја година, но повеќе не се опседнува со успехот.
„На луѓето не им е интересно кога ќе издадам албум. Тоа е она со што се занимавам“ - кажа тој.
Меѓутоа, во документарецот „Tantrums and tiaras“ (1995) можевме да го видиме Елтон како со фломастер го заокружува името на топ листата на Билборд и го споредува нивниот успех со сопствениот.
Кон крајот на 70-тите беше прва ѕвезда од западот која има настапено во Израел и СССР.
Песната „Someone saved my life tonight“ е за неговиот обид да се самоубие.
Сигурни сме дека ги знаете неговите познати песни, нема потреба да ги набројуваме, но дали знаевте за овие дуети?
# Со 2Pac - „Blassed“
# Со Павароти - „Live like horses“
Ова песна е посветена на Џани Версаче, кој е убиен пред повеќе од 20 години - „You can make history (Young again)“.
Сака индиска храна и обожува да гледа и игра тенис.
Има повеќе од 1.000 пара очила.
Се лечел од зависност од дрога и алкохол, но и булимија. Живее со епилепсија.
Својата љубов кон впечатливите сценски костими ја опишал во шега.
„Па, тоа го правиме ние зависниците, претеруваме во многу работи. Не жалам за ништо“ - кажа тој.
На забавата за 50-от роденден потрошил 500.000 фунти.