Раде Шербеџија има пет деца, а само една ќерка не тргна по неговите стапки: Со што се занимава убавата Вања? (ФОТО)

Раде Шербеџија има пет деца, а само една ќерка не тргна по неговите стапки: Со што се занимава убавата Вања? (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Покрај сериозната актерска кариера Раде е горд и на тоа што се остварил и во улогата на родител и тоа дури пет пати...

Познатиот актер Раде Шербеџија со години ја гради својата кариера, но тоа не го спречи да се оствари и во улогата на сопруг и родител на пет деца, четири ќерки и еден син.

Иако зад него се голем број маестрално одиграни улоги, безброј филмски остварувања, Раде за свој најголем успех секогаш ги истакнува децата.

Од првиот брак со покојната балерина Иванка Церовац, Раде го доби синот Данило, кој е филмски продуцент. Тие двајца во една прилика дури и соработуваа на филмот „Ослободување на Скопје“.

Од тој брак, исто така ја има и ќерката Луција, која исто така тргна по неговите стапки и важи за позната актерка.

Откако се разведе од балерината Иванка, Раде заплови во љубовна романса и тоа со театарската режисерка Ленка Удовички. Од таа љубов се родија уште три деца - три ќерки - Милица, Нина и Вања.

Сите негови деца брзо ја засакале уметноста, филмот, режисија, а само една од нив немала интерес за оваа област, туку својата среќа ја пронашла во друга работа. 

Во прашање е Вања.

„Вања има смисла за уметност, но таа се одлучи за некој друг животен пат. Студира во Виена и е одличен студен, што е потполно необично кога е моето семејство во прашање. Таа планира да заврши право или психологија“ - објасни Раде Шербеџија за хрватските медиуми во една прилика.

Вања го сака правото и психологијата и тоа во потполност ја исполнува, но го сака и спортот. Нејзината сестра Милица Алма, најмладата ќерка на познатиот актер е кантавторка и ја обожава музиката.

Нина Шербеџија од мали нозе се занимава со глума, а на само 16 години глумеше во театорот „Ulysses“ на Бриони, во претставата „Ромео и Јулија 68“.

Зад себе има два филма „Cry of the Butterfly“ од 2014 година и „Welcome“ од 2010 година, а заедно со својот татко го сними филмот „Blossom“.

фото: Принтскрин / Јутјуб / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: