Рајан Рејнолдс се вклучи во потрага по изгубеното плишано мече: Тажна приказна со среќен крај

Рајан Рејнолдс се вклучи во потрага по изгубеното плишано мече: Тажна приказна со среќен крај

Објавена во: Совети // Семејство

Приказната за исчезнатoто плишано мече, брзо се расшири на социјалните медиуми, ја објавија и CBC и CNN, а го привлече и вниманието на актерот Рајан Рејнолдс, кој понуди парична награда за оној кој ќе ја пронајде играчката.

Мара Сориано, девојка од Ванкувер, го доби назад плишаното мече кое има посебно значење за неа заради сеќавањето на нејзината покојна мајка, а актерот Рајан Рејнолдс и помогна во нејзиното пребарување, објави Си-Ен-Ен.
Мајката на Мара, Мерилин Сориано (53) починала на 29 јуни 2019 година по тешка битка со ракот, а непосредно пред смртта, на нејзината ќерка и дала плишано мече со снимена последна порака во која таа и кажува дека е горда на неа и дека секогаш ќе ја сака и заштитува. Но, за време на минатата недела, мечето било украдено од комбе кое Мара и нејзиниот свршеник го изнајмиле за селидба, и неколку други вредни предмети за Мара, биле украдени.

Бидејќи СВС и СNN ја објавија приказната за исчезнатото мече, брзо се рашири на социјалните медиуми и го привлекувлече вниманието на актерот Рајан Рејнолдс, кој понуди награда од 5000 долари на оној што ќе го најде и ќе и го врати споменот на Мара, за нејзината мајка. Во акцијата беа вклучени и Ден Леви и Зак Браф, а канадскиот ТВ-презентер Џорџ Струмбопулолос и компанијата „Крафт путер од кикирики“ кои понудија уште 5.000 долари за чесниот пронаоѓач, па затоа наградата достигна сума од 15 илјади долари.

Мара Сориано во средата твитна дека непознати добри луѓе и го вратиле плишаното мече кај неа без ниту една гребнатина и дека „говорната порака е неповредена“.

„Ова ми значи многу“, напиша Сориано. "Мислев дека нема да го видам повторно. Ова е голем град и мечето можеше да биде на многу различни места ... Потрагата беше како да се обидувам да пронајдам игла во сено. Сега кога го вратив, се чувствувам подобро. Секој поглед на него ме потсетува дека мајка ми секогаш ќе биде со мене “.

„Благодарност до сите што прашаа. Благодарност до лицето што го зеде, а не го оштети. Ванкувер е одличен“, објави Рејнолдс.

Двајца мажи кои ја пронајдоа плишаната играчка рекоа дека ја пронашле истата фрлена во блискиот парк.

Мара Сориано рече дека разговарала со Рејнолдс, Струмбопулолос и претставник на компанијата „Крафт путер од кикирики“ за да им овозможи на чесните пронаоѓачи да ја добијат паричната награда.

извор: 24sata.hr

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: