Ракометарка и блогерка: Кои се девојките кои ги освоија срцата на згодните браќа од „Некст тајм“?
Дуото „Некст тајм“, својот музички пат го започнаа во деведесетите години на детските фестивали „Златно славејче“ во Скопје и „СИ- ДО“ во Битола, а нивната музичка кариера оттогаш оди во нагорна линија, па сега работат и на нов албум.
Браќата близнаци Мартин и Стефан Филиповски се веќе долги години на сцената, а по преработките на македонските народни песни „Ја излези Ѓурѓо“, „Слушам кај шумат шумите“, „Нешто ќе те питам бабо“, кои станаа големи хитови, и ги разбудија најдлабоките чувства и емоции кај Македонците, оваа рок-дуо особено се прослави.
Покрај нивниот музички талент, момците од „Некст тајм“ привлекуваат внимание и со изгледот, како на сцената така и во приватноста, секогаш се стилски облечени и со извајани фит тела.
И двајцата се среќно вљубени, па неретко споделуваат фотки со нивните понежни половини, па да видиме кои се девојките кои ги освоија срцата на згодните момци од „Некст тајм“.
Мартин е во врска со убавата Андреа Белеска, која е успешна професионална ракометарка.
Стефан е во љубов со нежната убавица Тинеа од Белград - блогерка.
фото: Принтскрин / Инстаграм