Рамстор Мол започна со работа од денес
Рамстор Мол согласно сите препораки на Владата и Министерството за здравство од денес ги отвора своите врати за посетителите. По ситуацијата во која се најдовме сите и пандемијата која го зафати целиот свет и речиси повеќе од 2 месеци не работење, Рамстор Мол започнува со нормално функционирање.
Како главен приоритет по ново настаната ситуација ќе биде здравјето на луѓето, а за таа цел од Рамстор Мол најавија дека сите мерки ќе бидат превземени кои се строго определени од страна на властите, се со цел да се влијае на општото здравје заедно со сите вклучени страни во целокупното работење.
„Рамстор Мол како општествено одговорна компанија, уште на почетокот со ситуацијата со коронавирусот започна со превентивни мерки кои беа во насока на општото здравје на сите посетители и будно ги следиме сите препораки од властите, како и примерите од земјите кои веќе започнаа со работа и за таа цел можеме да кажеме дека сме спремни за работа и отворање. Бидејќи здравејто на нашите посетители е наш најголем приоритет, сите препораки кои ќе бидат дадени од министерството за здравство ќе бидат целосно имплементирани, а ќе имаме и дополнителни процедури за хигиена на секој посетител, како и запазување на социјалната дистанца, се со цел враќање во нормала секојдневните навики и нормализирање на животот.” – изјавија од Рамстор Мол
Работното време на Рамстор Мол ќе биде од 10 до 18 часот секој ден. Недела ќе биде неработен ден за трговскиот центар.