Разделбата на Војаж и Бресквица сепак била маркетиншки трик?

Разделбата на Војаж и Бресквица сепак била маркетиншки трик?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

За ова се шпекулира веќе некое време ...

И додека тинејџерите ширум регионот жалеа по веста за разделбата на нивната омилена музичко - љубовна двојка, Војаж и Бресквица, сега се чини дека имаат причина да слават. Барем ако верувате на изворот близок до двојката, кој тврди дека се повторно заедно.

Извор кој живее во близина на познатата двојка за Курир изјави: „Во изминатиот период тие влегуваа во зградата почесто одделно, но сега ги гледам како почесто го прават тоа заедно. Од нивниот стан можете да ги слушнете како пеат заедно и јасно е дека поминуваат многу време заедно. Тие сè уште живеат на иста адреса. Тие се на првиот кат каде што често поминувам и слушам сè што се случува. Од самиот почеток на приказната за нивната разделба, ги гледаме на иста адреса, иако првично се движеа одделно. Сега ситуацијата е поинаква, се чини дека тие ги решија сите несогласувања.“

Тој исто така објасни дека фановите сега доаѓаат во нивната зграда дури и повеќе од порано и чекаат да се фотографираат со нив или да им побараат автограми. „Сакаат да откријат што се случува меѓу нив“ - додава изворот.

Заедничките фотографии на социјалните мрежи сè уште не ги вратија, а исто така не се следат на Инстаграм, но ако му веруваме на овој извор, сите проблеми што може да ги доведат до разделба ги имаат решено. Или пак, паузата беше само маркетиншки трик, како што тврдат многу нивни обожаватели? 

Очигледно, само тие го знаат тоа, но не сакаат да ги коментираат овие наводи.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: