Разликата е очигледна: Бела Хадид објави фотка без шминка - ова е доказ дека правела операции

Разликата е очигледна: Бела Хадид објави фотка без шминка - ова е доказ дека правела операции

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Фото насловна: Instagram printscreen/bellahadid

Разликата е повеќе од очигледна

Познатата манекенка Бела Хадид, која важи за најубава жена на светот, објави неколку фотографии на својот Инстаграм профил во природно, лежерно издание, но не беше пофалена насекаде.

Додека многумина коментираа дека и се восхитуваат што рекла „не“ на Фотошоп и  дополнителни апликации за разубавување, некои тврдат дека таа никогаш не може да ја има титулата една од најубавите жени во светот, поради корекциите што ги направила на лицето со текот на времето.


Иако многу нејзини колеги не би се осмелиле да се фотографираат без никакви филтри, Бела го покажа лицето без шминка, па дури и како изгледа кога ќе се разбуди наутро.

Фото: Инстаграм/ pearlconcierge

Некои коментираа дека не и е тешко да се претстави без грам шминка, бидејќи ги „поправи“ сите неправилности благодарение на пластичните хирурзи, додека други сметаат дека моделот е убав и дека ја заслужува споменатата титула.

Фото: Инстаграм/regents_park_aesthetics

Манекенката на фотографиите од минатото изгледа навистина поразлично, што ги поддржува коментарите дека претрпела низа интервенции. Странските медиуми наведуваат дека Бела работела на устата, носот, брадата, јаготките, очите, како и дека редовно користи ботокс.


Фото: Инстаграм/bellahadid/

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: