Ражнатовиќ и Џехверовиќ ја прославија хит фризурата: Како сами да си направите афро локни?
Денес ви даваме предлог да пробате нешто ново - малку да експериментирате со својата коса и да направите неодоливи афро локни...
Поголемиот број жени кои имаат природни локни, сакаат да имаат рамна коса, а оние кои имаат рамна, често сакаат да си направат локни. Тоа е старо правило и проблем. За среќа, денес е можно да се постигне посакуваниот изглед и во едниот и во другиот правец, со помош на трикови, препарати, но и знаење.
На Балканот со афро локните својот имиџ го променија и Анастасија Ражнатовиќ, Теодора Џехверовиќ и многу други.
фото: INSTAGRAMОвие локни изгледаат преубаво кога се пуштено, но исто толку ефективни може да бидат и кога се во пунџа.
Оние кои немаат долга коса се подготвени да стават и екстензии за да си ја исполнат желбата и да си направат локни, но тоа е веќе работа за на фризер. Меѓутоа, доколку имате долга коса, и сами може да ја направите оваа популарна фризура.
Најлесно е да користите многу тенко фигаро. Мотајте прамен по прамен, колку потенок, толку поситни локни ќе добиете. Полега извлекувајте го фигарото од секој прамен, за локната да остане целосна. Кога ќе завршите, задолжително ставете си лак на косата, бидејќи само така ќе ја зацврстите фризурата.
Доколку сакате да избегнете користење на уреди за загревање на косата, можете да ја извиткате и со ситни витлери од пенести сунѓери и утредента да ја одмотате косата.
Сепак, многумина сега ја користат алтернативната метода која не бара користење на топлина, ниту на било какви додатоци, туку потребни ќе ви бидат само вашите раце.
Многумина тврдат дека обично мократа коса ја виткаат со прсти и дека тоа е подеднакво делотворно како и кога користите некој од апаратите, а го препорачуваат дами кои природно имаат брановидна коса.
Како изгледа таа постапка, погледнете во видеото во продожение: