Разочарувачки низок интерес за студирање македонски јазик: На првиот уписен рок се запишале само 16 студенти
Првиот уписен рок за академската 2022/2023 година ќе
остане запаметен по алармантно нискиот интерес на студентите за изучување на
мајчиниот македонски јазик.
Од планираните 190 бруцоши, само 16 се запишале на „Македонски јазик“ и „Македонска книжевност и јужнословенска книжевност“ и тоа заедно со вонредните студенти.
Интересот за изучување на македонскиот јазик е мал, можеби тоа се должи за перспективата во иднина за работа, можеби во прашање е нешто друго, но затоа пак на ФИНКИ редиците за запишување на бруцоши студенти беа долги неколку метри, ако не и километри.
Пишува Фокус.Фото: Фејсбук видео - screenshoot