Реакцијата на напуштеното куче го расплака светот: Остано само, а потоа се случи пресврт (ФОТО)

Реакцијата на напуштеното куче го расплака светот: Остано само, а потоа се случи пресврт (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Малиот Чаудер живееше помеѓу еден куп ѓубре во напуштена куќа пред да биде спасен од членовите на „Stray Rescue of St. Louis“ во Мисури, САД.

Кога го пронашле, ова несреќно кученце имало убодни рани на лицето и најверојатно било тепано од луѓето кои го среќавале на улица. Гледајќи ги своите спасувачи, малото кученце скоро па им скокнало во прегратка и главата длабоко ја закопало во рацете на еден од нив.

„Како да плачеше, целото се тресеше“ - соопштија од организација „Stray Rescue of St. Louis“, па продолжија:

„Очите му се воспалени и има убодни рани на лицето. Покрај тоа, тој е едно среќно куче. Сега е безбедно. Тој само го закопа своето лице во нашите раце додека го возевме до засолништето. Помислата дека некој лошо се однесувал кон него нè доведува до солзи. На овој ангел му требаме. Многу сме благодарни што луѓето ни се јавија и презедоа нешто по тоа прашање. Кога ќе закрепне ќе најдеме семејство кое ќе го сака до крајот на животот“ - стоеше во соопштение на организацијата по спасувањето.


Малиот Чаудер бил однесен кај ветеринари кои се грижеле за него, работеле на заздравувањето на неговите рани и лечење на неговите воспалени очи.

„Има добар апетит и сака да се фали пред сите нас, така што скока и се врти“ - стои во соопштението.

За среќа, Чаудер набрзо сега живее во дом полн со љубов и сега живее со својата сопственичка Џенифер и нејзините деца. Кога ги контактирале сопствениците за Чаудер за да проверат како напредува, вработените во центарот за спасување на животни плачеле од среќа кога слушнале колку е добро, пишува британскиот „Мирор“.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: