Реакцијата на таткото ги расплака сите: Никогаш повеќе нема да се одвои од подарокот кој за Божиќ му го купија неговите деца

Реакцијата на таткото ги расплака сите: Никогаш повеќе нема да се одвои од подарокот кој за Божиќ му го купија неговите деца

Објавена во: Совети // Семејство

Самер Хамонд ги погоди своите следбеници со видеото кое го имаше објавено, а на кое се гледа што таа и нејзиниот брат му подариле на татко им за Божиќ.

Во видеото се гледа како таткото отвара кутија во облик на топка и гледа писмо, ја прочитал интерната шега и им се заблагодарил. Внатре имало и мече, а потоа следувал емотивен момент поради кој сите заплакале.

Ќерката му кажала да го притисне мечето за да пушти звук, а кога го направил тоа, го слушнал гласот на својата покојна мајка, како ја изговара реченицата која му е многу добро позната.

Малку шокиран, повторно го притиснал мечето и почнал да плаче. „Среќен Божиќ тато“ - му велат децата, кои само сакале да го израдуваат нивниот татко, бидејќи неговата мајка починала порано оваа година.

Ова видео има повеќе од 2 милиони преглед и повеќе од 400.000 лајкови, а луѓето во коментари пишуваат дека оваа сцена ги допрела до солзи.

@summerhammond

merry christmas dad##foryou ##fyp ##BIGASYOOX ##christmas ##buildabear

original sound - summer may

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: